Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Кога сите детски болници би изгледале вака

ФОТО: Кога сите детски болници би изгледале вака

Болниците не се привлечно место, особено не за децата кои копнеат по шареноликост, забава и весели случувања. Британска организација си постави цел со помош на уметноста да го промени впечатокот за овие установи, претворајќи детска болница во колоритно „царство“.

15 уметници од организацијата Vital Arts биле ангажирани за да го декорираат ентериерот на Royal Children’s Hospital во Лондон. Користејќи материјали кои се лесни за чистење, тие успеале да ги претворат различните одделенија во уникатно дизајнирани простории.

Ведри бои, весели цртежи од животни, дрвја, ѕвезди и цвеќиња, како и елементи инспирирани од арт деко стилот, азиската култура и Викторијанската архитектура ги красат ѕидовите, давајќи ѝ на болницата топла и пријатна атмосфера. Тоа воедно била и замислата на организацијата задолжена за ентериерот. „Целта ни беше да создадеме болничко одделение кое ќе им носи радост на младите пациенти и нивните родители преку бои и забава и каде ќе се чувствуваат топло и добредојдено“ – изјавиле од организацијата.

„Едно од најважните нешта за мене беше во болницата да не се чувствуваш како да си на болница. Сакав пациентите, родителите и персоналот да се чувствуваат релаксирано, среќно и стимулирано од околината“ – рекол еден од уметниците.

„Најважниот момент за мене беше кога 3-годишно девојче престана да плаче во истиот момент кога ги виде завесите, возбудено покажувајќи со прстот на скриените мачки и зајаци. Тоа ми докажа дека мојот дизајн функционира“ – додал уметникот.

Кога сите детски болници би изгледале вака...

Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница Детска болница

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.