Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Избрана „Мис голема убава жена 2012“

ФОТО: Избрана „Мис голема убава жена 2012“

Во Лондон се одржа необичен натпревар за убавина на кој беше крунисана „Мис голема убава жена 2012“. Кога ќе ги погледнете учесничките, првото нешто што ќе ви падне в очи е нивната големина, затоа што ова всушност е избор за убавина за заоблени и полнички жени.

Финалистките на Miss BBW InternationalФиналистките на Miss BBW International Финалистките на Miss BBW InternationalФиналистките на Miss BBW International

За да се пријавите на натпреварот за убавина „Miss Big Beautiful Woman“, не треба да имате совршено тело. Напротив, еден од условите за да станете кандидатка за титулата е да имате многу месо на коските, т.е. да сте минимум големина 18 според англиските стандарди.

Џема Крукшанк беше прогласена за победничка на финалето кое се одржа вчера. 22-годишната Англичанка победи во конкуренција на 19 финалистки, избрани од вкупно 300 кандидатки од целиот свет.

Џема КрукшанкЏема Крукшанк

„Бев на диета од осумгодишна возраст, па ми беше потребно подолго време да прифатам дека сум plus-size. Но, во последните години мојот став е: Ако не ти се допаѓа, не ме гледај. Јадењето ми е утеха. Не пијам, не пушам, не се дрогирам, па си реков дека заслужувам да имам еден порок“ – изјавила таа за британскиот „The Sun“.

„Не сакам да станам поголема. Од здравствени причини не смеам да продолжам да ја покачувам тежината. Среќна сум вака и сакам да ги инспирирам и другите жени да бидат самоуверени“ – дополнила таа.

Џема Крукшанк

„Miss Big Beautiful Woman“ се одржува по вторпат, а од оваа година е отворен за заинтересираните од целиот свет. Иако повеќето кандидатки се од Велика Британија, организаторката Линда Коч се надева дека изборот ќе станува сè попопуларен и ќе добива сè поголема публика.

Една од кандидатките беше и 17-годишната Кристи Моунси која тежи 165 килограми. „Додека растев сонував да станам кралица на убавината. Сега мојот сон може да се оствари“ – изјави таа по пријавувањето во јули.

17-годишната Кристи Моунси17-годишната Кристи Моунси

„Некои луѓе веројатно ќе ме критикуваат, но јас не сум тука за да ја промовирам дебелината. Само сакам жените да се чувствуваат самоуверено во своите тела, како што се чувствувам јас. Јас не ги критикувам слабите жени во натпреварите за убавина, па мислам дека не е фер некој да предизвикува учесничките во Miss Big Beautiful Woman да се чувствуваат лошо само затоа што се големи“ – изјавила Кристи.

17-годишната Кристи Моунси

Натпреварот бил создаден со идејата да ги охрабри жените со различни големини да се гордеат со своето тело. Но, многумина сметаат дека овој избор испраќа лоша порака дека прекумерната дебелина е прифатлива, кога всушност е огромна закана за здравјето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.