Запознајте ја Луана Торес, девојката со страст за летање која е нарекувана најзгодната пилотка.
27-годишната Бразилка се откажала од својата кариера во светот на економијата за да го следи својот сон да управува со хеликоптер.




„Мојот постар брат е пилот на хеликоптер и јас пораснав слушајќи го него како зборува за хеликоптери. Тој се ожени за женски пилот на хеликоптер. Па, ги имам брат ми и снаа ми како примери“ – изјавила Торес.
„Пред да сфатам дека сакам да бидам пилот, дипломирав економија и додека бев на факултет, отидов на фамилијарно патување во Австралија каде за првпат летав со хеликоптер. Од тој момент наваму, знаев дека мојата иднина припаѓа на небото. Само што дипломирав, побарав школо за летање и започнав да го следам мојот сон“ – додала таа.









