Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Гурманска недела во Градски парк по повод 10 години на Советот на странските инвеститори

ФОТО: Гурманска недела во Градски парк по повод 10 години на Советот на странските инвеститори

Вчера, во Градскиот парк во Скопје, Советот на странски инвеститори при Стопанска комора Македонија го прослави својот 10 годишен јубилеј на невообичаен начин зачинет со многу автентични гурмански специјалитети од 11 различни земји. Љубителите на добрата храна и расположение дојдоа во огромен број заеднички да го прослават овој роденден и воедно да бидат дел од хуманата намера на настанот, бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, парични средства кои ќе се подарат на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.

На настанот беа присутни претставници од странските инвеститори, кои ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат културата на своите земји преку традиционално мени, карактеристична токму за нивните земји.

Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк

„Многу ми е мило што успешно се реализираше денешниот настан. Советот на странските инвеститори веќе десет години постои во Македонија, и јубилејот решивме да го прославиме на еден поинаков начин. Сакавме да ја приближиме културата на земјите од каде потекнуваат инвеститорите до Македонците. А како подобро да се постигне таа цел ако не со храна? Странските инвеститори вработуваат над 50000 вработени во Македонија и соработуваат со голем дел домашни компании. Затоа подоброто запознавање е неопходно за продолжување на досегашната соработка“, изјави г. Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк

Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот во нашата земја и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја зајакнат нивната позитивна слика во нашето општество.

Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк Гурманска недела во Градски парк

Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија е основан во 2006 година заради обезбедување консултативни и советодавни мислења, предлози и прашањата во насока на поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство. Во Советот членуваат истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.