Кендал Џенер ќе потроши „мало“ богатство за да го реновира својот нов дом во Беверли Хилс, кој го купи од актерот Чарли Шин за 8,55 милиони долари.
Имотот во шпански стил, кој 22-годишниот модел го купи во август минатата година, се протега на површина од 615м2 и е скриен зад високи порти, што го прави идеално прибежиште од папараците. Тој вклучува 5 спални соби, 6 тоалети, фонтана, сопствено кино, канцеларија, базен со спа и тениско игралиште.
Во моментов, Џенер чека дозвола за да почне со големото реновирање.


















