Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 72-годишен дедо во женска облека стана интернет сензација

ФОТО: 72-годишен дедо во женска облека стана интернет сензација

Кинезот Лиу Ксианпинг стана интернет сензација откако на шега позираше во женска облека за онлајн продавницата на својата внука. Фотографиите на 72-годишниот дедо го обиколија светот и предизвикаа многу насмевки.

Лиу Ксианпинг Лиу Ксианпинг

Сè започнало додека Лиу ѝ помагал на својата внука да распакува дел од облеката. „Тој избра едно парче и го облече со цел да ни даде совет како да го комбинираме. Ни стана забавно и започнавме да го фотографираме“ – раскажала внуката.

Најголем дел од модните комбинации биле дело на модерниот дедо со чувство за стил, кој подоцна изјавил дека многу се забавувал и дека му е мило што ѝ помогнал на својата внука.

Лиу Ксианпинг Лиу Ксианпинг

„Зошто да не е прифатливо некој како мене да носи женска облека? Тоа што сум модел за продавницата ѝ помага на мојата внука, а јас немам што да изгубам. Бевме многу среќни на денот на фотографирањето. Јас сум многу стар и единствено се грижам да сум среќен“ – изјавил тој.

Лиу Ксианпинг

„Рекламата“ со Лиу очигледно била ефективна, затоа што продажбите во продавницата се зголемиле за 5 пати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.