Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 12 години го држи рекордот за најголеми природни гради

ФОТО: 12 години го држи рекордот за најголеми природни гради

Само еден месец откако Велика Британија се крена на нозе затоа што жената со најголеми вештачки гради се појави во утринската емисија „This Morning“ кога има деца пред екраните, телевизијата предизвика уште еден бран реакции откако за своја гостинка ја имаше жената со најголеми природни гради на светот.

Ани Хокинс-Тарнер, или подобро позната како Норма Стиц, 12 години го држи Гинисовиот рекорд за најголеми природни гради на светот. Нејзините гради тежат скоро 51 килограм и сè уште растат.

Ани Хокинс-Тарнер

52-годишната Ани заработува од големината на своите гради. Таа разговара онлајн со љубопитните луѓе кои бараат совети од неа и се појавува топлес на сајтови за возрасни, но инсистира дека никогаш немала и нема да има секс пред камера.

„Им покажав на луѓето дека големото е убаво и можеш да бидеш секси на свој начин... Ти зборувам тебе, јас сум твојата фантазија. Кога ти зборувам, тоа е затоа што во твојот мозок има работи кои би сакал да ми ги направиш. Но, во реалноста никогаш не би ме запознал“ – изјавила таа.

Ани Хокинс-ТарнерАни Хокинс-Тарнер со водителите на This Morning

Ани признала дека кога растела редовно била исмејувана поради изгледот и дека поради големината на своето тело имала проблеми во љубовта. Таа започнала да го сака своето тело дури откако го запознала својот сопруг, кој починал пред 6 години.

„Тој ми го промени животот. Тој не натера да се сакам себеси и ме претвори во негова Барби кукла. Јас бев за него како полна барби кукла. Тој се однесуваше кон мене како кон кралица. Ме сакаше и ги сакаше моите деца. Тој беше мој ангел, не беше сè само сексуално“ – рекла таа.

Ани Хокинс-ТарнерВодителот на емисијата заедно со Ани

Иако докторите ја советувале Ани да си направи операција за намалување на градите, таа ги игнорира нивните препораки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.