Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес блогерка ги покажа „витките“ на стомакот за да испрати порака дека не е сè така како што изгледа

Фитнес блогерка ги покажа „витките“ на стомакот за да испрати порака дека не е сè така како што изгледа

Живееме во време кога социјалните мрежи изобилуваат со фотографии од совршени жени, кои редовно вежбаат, се хранат здраво и се секогаш дотерани. Но, дали тоа е така во реалноста? Дали сè е така како што нам ни изгледа оддалеку?

Фитнес блогерка сподели фотографии за да покаже дека сè е до перспективата.

На едната фотографија Ешли Молстад, која е фитнес тренер, позира во спортски градник и гаќички, а нејзиниот стомак е рамен. На другата фотографија, Ешли е во седечка положба, а „витките“ на нејзиниот стомак се ставени во преден план.

Ешли Молстад

Пораката која Молстад ја испраќа е дека треба да се сакаме себеси онакви какви што сме, без разлика на она што ни го кажува општеството.

Еве го нејзиниот текст:

Истата девојка. Различни агли.

Ако ви ја покажувам мојата позирана, планирана и професионална страна, тогаш ќе се погрижам да ги видите и страните кои не се толку привлечни. Бидејќи, за разлика од она што нè учи општеството, нашата вредност не се мери по тоа колку витки има на нашиот стомак или колку дупчиња имаме на задникот или колку „салце“ ни виси на рацете.

Тешко е да се сакаме онакви какви што сме. Затоа што со години ни кажуваат дека не сме доволно добри сè додека не (наведете било која од илјадниците идеи за совршенство кои ни ги сервираат низ годините). Но, јас го викам тоа глупост. Тврдам дека вистинската магија се случува кога ќе се прифатиме какви што сме, од секој агол и големина.

Ова не значи дека јас немам проблеми со прифаќањето на ова тело кое ми е дадено, но значи дека сфаќам дека работењето на љубовта кон самата себе е најважната работа која некогаш ќе ја имам.

Нашите тела не се „погрешни“. Погрешна е пораката која општеството се обидува да ни ја упати, преку фотошопирање на сè и бришење на целулитот, витките и отеченоста.

Иако е навистина тешко, ајде да запомниме дека сме вредни, убави, специјални и ЖИВИ. Само напред, сакајте се себеси денес, бидејќи тоа е она што е навистина инспиративно.

Објавата стана хит на Facebookи има 50 илјади споделувања и 140 илјади лајкови, а во коментарите илјадници лица ѝ се заблагодарија на Ешли за искреноста.

Молстад редовно споделува видеа од своите тренинзи и фотографии од резултатите на Instagram.

Ешли Молстад Ешли Молстад Ешли Молстад Ешли Молстад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.