Почетна » Новости » Занимливости » Мајка сподели фотографии пред и по породувањето заедно со инспиративна порака

Мајка сподели фотографии пред и по породувањето заедно со инспиративна порака

Сè поголем е притисокот кон новите мајки за што побрзо да се вратат во форма по породувањето. Со идејата да им ја зголеми самодовербата на мајките и да ги охрабри жените да го сакаат сопственото тело, блогерка објави мотивирачка порака и фотографии „пред и потоа“.

Во својот пост „Љубовта те здебелува“, Лаура Маза признава дека ѝ недостига телото од пред породувањето, но дека сегашното тело ѝ е потсетник дека создала нов живот и дека и тоа заслужува восхит и почит.

Лаура Мазa

Не, ова не се фотографии пред и потоа од слабеење. Ова е сторија за победа.

Го пишувам ова од срце. Боли.

Лево – тоа е моето тело пред да ги родам децата.

Без стрии или лузни од пирсот на папокот. Папок поставен високо. Рамен стомак. Постојано бев на диета во тоа време. Тоа беше најдобрата диета и го фотографирав мојот напредок.

Правев фотографии од мојот напредок зашто бев блиску до тежината со која ќе се сакав себеси. Не јадев јаглехидрати и речиси не јадев ни зеленчуци. Само месо. Но, ми се допаѓаше тоа, бидејќи слабеев брзо и колку повеќе коските продираа, толку повеќе се ценев себеси. На крајот, започнав да мразам месо и постојано имав киселини. Но, сè уште се гледав како дебела. Немаше ништо лошо во тоа како изгледав. Моето тело беше мое.

Никој друг не ми коментираше ништо, ми велеа дека изгледам фит, дека сум здрава. Се сеќавам дека ме прашуваа што и колку вежбам... Ми се восхитуваа. Јас си се восхитував! Купив нови алишта. Бев горда со себе. Го покажував моето тело.

Десно сум јас сега. Стрии. Опаднат папок. Подебела, нема многу коски кои се истакнуваат, но има повеќе дупчиња кои го претставуваат целулитот. Луѓето не сакаат да ја гледаат оваа фотографија. Одненадеж не е во ред. Не е пријатна за очите. Ова не е тело на кое се восхитуваат.

Ова тело не е резултат на јадење исклучиво само на месо, тоа е резултат на јадење на сè. Овошје, зеленчуци, јаглехидрати, тестенини, ориз, торти, чоколадо...

Стриите и лузните и растресениот стомак се зашто направив човек. Поради некоја причина, не го сакав ова тело. Тажно е тоа.

Ова тело не заслужуваше секси долна облека или нови алишта. Понекогаш не ни сакав да правам труднички фотографии, зашто се срамев од тоа колку голема изгледав. Не му се восхитував на тоа тело.

Се чувствував како луѓето да ме форсираат да си го сакам телото. „Имаш само едно тело“... не ми беше гајле. Сакав да бидам слаба. А кога бев слаба, не бев среќна. И секако, не бев здрава.

Но, знаете што? Со ова тело постигнам повеќе одошто со старото тело. Изедов повеќе вкусотии. Живеев повеќе, си давав повеќе, уживав повеќе. Направив живот. Ова тело, ОВА ТЕЛО треба да биде гледано со почит и восхит.

Треба да си се восхитувам себеси. Треба да се сакам себеси.

Сега сфаќам. Треба да се слават сите типови на тело и сториите кои стојат зад нив. Пред сè, треба да се слави личноста. Треба да се слават здравите тела. Сите треба да се стремиме кон здрави тела.

Сè уште посакувам да изгледам како на првата фотографија, нема сомнеж во тоа. Ми недостига тоа тело и ме растажува. Но, сакам да стигнам таму на здрав начин, физички и психички. И сакам да го сакам она што го имам сега.

Без оглед на тоа која големина сте, заслужувате да го почитувате телото. Со секси долна облека и нова гардероба.

Сакајте го своето тело, бидејќи навистина, навистина добивате само едно! (барем во овој живот)

Лаура МазaЛаура со двете деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.