Почетна » Новости » Занимливости » Фит трудницата која вежбаше со тегови додека носеше близначки сподели фотографии „пред и потоа“

Фит трудницата која вежбаше со тегови додека носеше близначки сподели фотографии „пред и потоа“

Се сеќавате на Софи Гвидолин, трудницата која вежбаше со тегови во текот на бременоста со близначки? Таа сподели неколку фотографии за #Предизвикот10Години, не само за да ја покаже својата неверојатна трансформација, туку и за да пренесе моќна порака.

Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин

29-годишната нутриционистка, која е мајка на 4 деца, тврди дека секој треба да си прави фотографии за споредба за да може да добие јасна претстава за сопствените успеси или неуспеси. Софи вели дека многу повеќе се сака себеси сега одошто пред 10 години, бидејќи има многу поразличен и позрел поглед кон животот.

Во ред, во ред знам дека сите сме преплавени со вакви фотографии, но верувам дека пораката е важна. 10 години можат да летнат, но додека се навраќаме на сите постигнувања и неуспеси, ние никогаш вистински не сфаќаме колку брзо минува животот пред нас. Направив неколку различни вакви фотографии, бидејќи мојот живот и моето тело минаа низ некои големи промени и разлики.

Нема да тврдам дека изгледам помладо отколку кога имав 19 години, но ќе речам дека се преферирам како што сум на 29. Ја обожавам мојата самодоверба и способноста да знам која сум и за што се залагам. Знам дека личноста што сум сега и личноста што бев тогаш се сосема различни. Го познавам моето тело внатрешно и надворешно и знам дека имам контрола врз моите чувства – физички преку тренинг и исхрана, а исто така и ментално.

На 19 години си мислев дека успех е да можам да си дозволам приватно школување за моите деца, да имам сопствен дом и да имам брз автомобил. На 29 години навистина сум убедена дека успех е да бидеш среќна, да имаш здрав ум, да имаш силно тело. Материјалните нешта никогаш не треба да бидат дефиниција за успех. На крајот на краиштата, јас сум најсреќна кога се чувствувам најздраво, најсилно, најфит.

Иако ви е смачено да гледате фотографии од пред 10 години и сега, ве охрабрувам да го правите тоа секоја година, бидејќи иако не можете точно да ги опишете емоциите со фотографија, јас точно се сеќавам како се чувствував во секој момент на овие фотографии. Луѓето велат никогаш да не гледате назад, но јас лично верувам дека гледањето наназад ни помага да погледнеме нанапред со појасен поглед.

Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин

Гвидолин стана сензација на интернет во 2015 година, кога објави дека вежба со тегови тешки 30 килограми во седмиот месец од бременоста. Многумина побрзаа да ја критикуваат за нејзината одлука, на што таа возврати:

„Еден маж ми остави коментар на Facebook страницата во кој ми напиша дека тоа што го кревам е значително тешко. Но, тоа е значително тешко за кого? За него? Син ми тежи 29 кг и ако заспие некаде, јас морам да го носам. За мене тоа не е голема тежина. Сè се сведува на тоа што е тешко за одредена личност и колку можела да крене таа пред бременоста.“

Софи Гвидолин Софи Гвидолин

„Кога бев бремена со момчињата, никогаш не стапнував во фитнес сала и бев многу нездрава. Развив гестациски дијабетес со момчињата и се здебелив по 28 килограми во секоја бременост, што е екстремно, бидејќи препорачано е покачување на тежината за 12-14 килограми.“

„Има многу митови и страв зад вежбањето во бременоста. Разбирам, и јас имам доживеано спонтан абортус и беше ужасно, не му го посакувам тоа на никого. Спонтаниот абортус може да биде причинет од многу нешта, но луѓето го асоцираат со вежбање. Вежбањето во бременоста има многу повеќе позитивни страни отколку негативни. Се надевам дека жените сфаќаат колку се важни вежбањето и здравиот начин на живот во бременоста“ – споделила таа.

Софи Гвидолин Софи Гвидолин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.