Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Фит трудница која носи близнаци доби многу критики заради тоа што вежба со тегови

ФОТО: Фит трудница која носи близнаци доби многу критики заради тоа што вежба со тегови

Софи Гвидолин е во седмиот месец од бременоста и носи близначки, но тоа не е пречка за таа да вежба со тежина и до 30 килограми.

Софи Гвидолин

Бремената нутриционистка и фитнес инструкторка решила да сподели повеќе за својот начин на живот откако била критикувана за тоа што вежба во бременоста. Најголем дел од негативните коментари доаѓале од мажи. „Еден маж ми остави коментар на Facebook страницата во кој ми напиша дека тоа што го кревам е значително тешко. Но, тоа е значително тешко за кого? За него? Син ми тежи 29 кг и ако заспие некаде, јас морам да го носам. За мене тоа не е голема тежина. Сè се сведува на тоа што е тешко за одредена личност и колку можела да крене таа пред бременоста“ – рекла Софи за Daily Mail Australia.

Софи ГвидолинСофи во 26-ата недела од бременоста Софи ГвидолинСофи во вториот и во шестиот месец од бременоста

26-годишната мајка на два сина вели дека е најзагрижена дека други трудници би можеле да ги видат лошите коментари и да се обесхрабрат да вежбаат без да направат свое истражување. „Има многу митови и страв зад вежбањето во бременоста. Разбирам, и јас имам доживеано спонтан абортус и беше ужасно, не му го посакувам тоа на никого. Спонтаниот абортус може да биде причинет од многу нешта, но луѓето го асоцираат со вежбање. Вежбањето во бременоста има многу повеќе позитивни страни отколку негативни. Се надевам дека жените сфаќаат колку се важни вежбањето и здравиот начин на живот во бременоста“ – споделила таа.

Софи Гвидолин Софи ГвидолинСофи во 5-тата и 24-ата недела од бременоста

Софи постојано добива негативни коментари и критики за нејзиниот избор да вежба со тегови. „Повеќето мои роднини мораа да престанат да ја следат мојата страница, зашто не можеа да ги читаат ужасните коментари повторно и повторно“ – изјавила таа.

Софи вели дека сега се чувствува многу поенергично и поздраво отколку во претходните бремености. „Кога бев бремена со момчињата, никогаш не стапнував во фитнес сала и бев многу нездрава. Развив гестациски дијабетес со момчињата и се здебелив по 28 килограми во секоја бременост, што е екстремно, бидејќи препорачано е покачување на тежината за 12-14 килограми“ – објаснила таа.

Софи Гвидолин Софи Гвидолин

Сепак, Софи не вежба на своја рака. Таа се вратила во фитнес салата откако добила дозвола од својот гинеколог и постојано вежба под надзор на својот сопруг Нејтан, кој е кондиционен тренер.

Иако тонираната трудница планира да вежба до крајот на бременоста, таа нема преголеми очекувања и не си прави притисок дека мора да вежба. „Сè додека имам дозвола од гинекологот и се чувствувам активно и фит, ќе продолжам да вежбам, но има денови кога сум премногу уморна и сакам да го поминам денот в кревет. Не се притискам себеси. Ако сум уморна, не тренирам. Го слушам моето тело“ – објаснила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11205 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.