Почетна » Новости » Занимливости » Фит мајка и ќерка: 8-годишно девојче тренира со мајка си и импресионира со силата

Фит мајка и ќерка: 8-годишно девојче тренира со мајка си и импресионира со силата

Џеси и Броди Боуен се вистинска фитнес инспирација.

Дуото мајка-ќерка е незапирлива сила во фитнес салата. 8-годишното девојче од мали нозе тренира со мајка си и крева тегови речиси двојно потешки од нејзината телесна тежина. Иако често добиваат критики, Џеси и сопругот Џордон тврдат дека вежбањето е сосема безбедно за Броди и за нејзиниот брат Слајд.

„Започнавме да ги носиме во фитнес сала уште како бебиња. Толку многу нè гледаа што и самите сакаа да пробаат. Најпрво се фокусираме на тоа да ги научиме на правилно држење на телото, но секогаш го правиме тоа на забавен начин.“

„Како родители, ние не сакаме да ги ограничуваме нашите деца. Сакаме да им дозволиме да пробаат колку што е можно повеќе работи (спортови, музика, хобија). Се радувам што гледам дека ја пронајде својата страст во кревањето тегови“ – велат Џеси и Џордон кои се сопственици на неколку фитнес центри.

Џеси и Броди Боуен Џеси и Броди Боуен

Тие воопшто не ставаат ограничување на возраста на нивните членови и кај нив може да тренираат и деца и возрасни.

„Сметам дека ако децата ги гледаат родителите како вежбаат, тоа ќе ги инспирира и тие да тренираат“ – вели Џеси.

Џеси и Броди Боуен Џеси и Броди Боуен Џеси и Броди Боуен Џеси и Броди Боуен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.