Почетна » Новости » Занимливости » Фемина е најдобар сајт за мода и убавина за 2014 година

Фемина е најдобар сајт за мода и убавина за 2014 година

Синоќа во фоајето на Македонската опера и балет се одржа манифестацијата „Сајт на годината 2014“. Со огромно задоволство ве известуваме дека Femina.mk е Победник во категоријата Мода и убавина.

Најискрена благодарност до вас, наши лојални читателки, што ни дозволивте пред вашето будно око да растеме и да ја реализираме нашата визија за креирање на позитивна и едукативна женска оаза во македонскиот интернет простор.

Петгодишната приказна на Фемина дефинитивно немаше да има толку многу среќни поглавја без вас. Неуморно трчаме кон период на значителни подобрувања кои веруваме дека ќе ги консумирате со сласт.

Ви благодариме!

Femina.mk е Победник во категоријата Мода и убавина

Фемина во 2011 година ја доби главната награда „Сајт на годината“, додека минатата година застана на второто место во категоријата „Најдобар сајт“.

Целосната листа на победници за 2014 година

Најдобар сајт во категоријата „Мода и убавина“: femina.mk
Најдобар сајт за 2014 година: off.net.mk
Најдобар информативен сајт: time.mk
Најпопуларен сајт според гласовите oд публика: fakulteti.mk
Најдобар сајт за ИТ и електроника: It.com.mk
Најдобар сајт во категоријата „Храна и здравје“: doktori.mk
Најдобар забавен сајт: panika.be
Најдобар спортски сајт: derbi.mk
Најдобар блог: okno.mk
Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk
Најдобар дизајн: kajgana.mk
Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти
Најдобар мобилен сајт: grouper.mk
Најдобар сајт за бизнис информации: vrabotuvanje.com.mk
Најдобар сајт за е-трговија: grouper.mk
Најдобар сајт за образование, наука и култура: fakulteti.mk
Најдобар сајт на невладина организација: borka.org.mk
Најдобар владин сајт: avrm.gov.mk
Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk
Најдобар сајт за автомобилизам: porsche.com.mk
Туризам и угостителство: radika.com.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11950 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.