Почетна » Новости » Занимливости » Фасцинантен: Запознајте го Мигалу, 30-годишниот албино кит кој е вистинска реткост

Фасцинантен: Запознајте го Мигалу, 30-годишниот албино кит кој е вистинска реткост

Секоја година фотографите и фановите од источниот брег на Австралија се надеваат дека ќе го видат и фотографираат китот Мигалу.

Се проценува дека овој прекрасен воден џин има околу 30 години. Тој е еден од 35.000 грбави китови кои мигрираат секоја година од Антарктикот за да се размножат во топлите води на Источниот брег од Австралија. Но, што е она што го прави овој кит толку посебен? Овој уникатен кит веројатно е единствениот целосно бел (албино) кит кој живее во светот.

Видео

Мигалу е толку уникатен што е заштитен со закон. На 500 метри од него забрането е да поминуваат бродови, авиони и дронови. Овие закони се неопходни за да се заштитат ваквите ретки животни од неодговорноста на луѓето. Имено, во 2003 година, Мигалу бил удрен со брод и има лузни на грбот.

Првата фотографија од Мигалу била направена во 1993 година, но од неа не можело да се процени дали е целосно бел. Во 1998 година, било снимено неговото пеење, карактеристично за машките Грбави китови.

Мигалу Мигалу Мигалу Мигалу Мигалу

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.