Додека светот шпекулира за името на новородениот принц и обожавателите прогнозираат во обложувалниците, голема е веројатноста сајтот на кралското семејство веќе да го соопшти името на бебенцето.
Имено, кога посетителите на сајтот на Кенсингтонската палата ја пребаруваат адресата за принц Алберт (https://www.royal.uk/prince-albert) ја добиваат истата порака како што ја добиваат кога ќе ги отвораат страниците со имињата на принцезата Шарлот и принцот Џорџ (Access denied. You are not authorized to access this page). А кога ги пребаруваат адресите со другите имиња кои се фаворити (Алфред, Артур), наидуваат на поразлична порака (Page not found. The requested page could not be found.)


Кетрин роди здраво момче тешко 3,8 килограми на 23 април. Ова е нејзино трето дете со принцот Вилијам.


