Почетна » Новости » Занимливости » Уникатен, но ризичен предлог за брак: Маж со помош на тетоважа ја запроси саканата

Уникатен, но ризичен предлог за брак: Маж со помош на тетоважа ја запроси саканата

Уникатен предлог за брак стана вирален хит. Имено, артист за тетоважи од Колорадо си ги истетовира зборовите „Дали ќе се омажиш за мене?“ заедно со сладок цртеж од заљубен пар.

Во видеото, Вики Капалдо Смит ја замолува саканата Брук да му истетовира нешто на ногата, а потоа ја открива тетоважата со најважното прашање под кое стојат одговорите „да“ и „не“.

Погледнете што избра среќната девојка:

Предлог за брак

ВИДЕО:

Овој потег на храбриот артист добри илјадници реакции онлајн. Додека едни коментираа дека е ризично и непотребно, други имаа само комплименти за убавиот гест. „Не можам да престанам да го гледам видеото. Го обожавам начинот на кој вие се гледате еден со друг. Преслатко е“, „Најслаткиот предлог за брак што го имам видено досега. Ми го растопува срцето!“, „Што ако таа избереше „не“? Тоа ќе беше интересна посета на клиника за отстранување тетоважи“, „Па, тоа е многу ризично...“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.