Почетна » Новости » Занимливости » „Тука тоа е нормална и здрава активност“: Деца од Финска и на -17⁰C одат со велосипед на училиште

„Тука тоа е нормална и здрава активност“: Деца од Финска и на -17⁰C одат со велосипед на училиште

Ниските температури и снегот во зима може да ги спречат и најжестоките вљубеници да се откажат од своите велосипеди на неколку месеци. Но, во северните земји, како што е Финска, возењето велосипед во зима е нормална активност.

Пека Такола, кој се грижи за добросостојбата на луѓето во гратчето Оулу и е координатор за велосипедизам, објави фотографија од паркинг за велосипеди во локално училиште. Објавата брзо стана хит на социјалните мрежи, бидејќи е направена на температура од -17⁰C. И покрај ниските температури, паркингот е полн со детски велосипеди.

„1.000 од 1.200 деца во ова училиште во Оулу, Финска, доаѓаат со велосипед дури и во зима. 100-150 деца пешачат, другите скијаат, санкаат или доаѓаат со автомобил. Надвор беше -17⁰C“ – напиша тој во објавата.

Деца

Додека на некои родители ќе им изгледа како лоша идеја да го пуштат детето со велосипед на училиште, во ова гратче тоа е сосема нормална и здрава активност, а и патиштата се чистат со цел да се создадат услови за возење.

„Иако на многу родители во САД им е тешко да замислат да му дозволат на дете да вози велосипед до училиште на какво било време, тоа е правило во некои делови од Финска. Ова е нормално, отсекогаш било така. И јас возев велосипед и се санкав до училиште како дете. И истото е и на -30⁰C“.

„Дефинитивно ова не е единствено вакво училиште. Во Оулу има повеќе училишта каде мнозинството од децата возат велосипед и пешачат до училиште. Организиравме тура за учесници од Јужна Финска за да видат како возењето велосипед до училиште се изведува во нашиот град“ – вели Пека.

Деца Деца Деца Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11053 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.