Почетна » Новости » Занимливости » Трудница со голем стомак апелира луѓето да престанат да коментираат за стомакот на бремените жени

Трудница со голем стомак апелира луѓето да престанат да коментираат за стомакот на бремените жени

Никогаш не ѝ давајте забелешки на трудница за големината на нејзиниот стомак. Ова е пораката на нова мајка, која постојано добивала коментари за обемниот стомак во текот на бременоста.

Реви Џејн Шулц, која е фитнес тренер, имала значително поголем стомак од другите трудници додека била бремена, и покрај редовните тренинзи. Во 24. недела од бременоста, таа изгледала како пред породување, па често била мета на невкусни коментари од типот: „Мојата пријателка е во 36 недела, а ти си далеку поголема од неа“.

Реви Џејн Шулц Реви Џејн Шулц

Бидејќи постојано се чувствувала непријатно и неудобно во бременоста, Реви одлучи да објави фотографија со текст зошто не треба луѓето да коментираат за големината на стомакот на трудниците. Прочитајте го:

Ова сум јас во 24. недела и изгледам како што изгледаат многу луѓе пред породување.

Реви Џејн Шулц

Го објавувам ова по многу коментари упатени кон мене затоа што имав масивен труднички стомак. Ми беше смачено. Еднаш кога сакав да пробам фустан, продавачката ми рече: „Леле! Мојата пријателка е во 36. недела, а ти си во 24. недела, а си многу поголема од неа!“ Потоа, истото ѝ го повтори на жената во соблекувалната до мене. Плачев додека го пробував фустанот. Го носев тоа чувство каде и да одев и ми доаѓаше да се скријам некаде.

Тешко е, носиш човек во себе, телото драстично ти се менува, повеќе одошто очекуваш и за да е ситуацијата полоша, непознати лица чувствуваат потреба да коментираат секогаш кога ќе излезеш во јавност.

Еве ви совет: Не ја споменувајте големината на трудничкиот стомак! Не велете: „Колку си голема“ или „Колку си мала“. Само речете нешто како: „Изгледаш прекрасно/ здраво/ неверојатно!“.

Реви Џејн Шулц

Шулц се породи пред повеќе од три месеци.

Реви Џејн Шулц Реви Џејн Шулц Реви Џејн Шулц Реви Џејн Шулц

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.