Почетна » Новости » Занимливости » „Тој е борец, тој е нашето ЧУДО“: Емотивно видео за бебенце родено 540 грама и со само 5% шанси за да преживее

„Тој е борец, тој е нашето ЧУДО“: Емотивно видео за бебенце родено 540 грама и со само 5% шанси за да преживее

Мајка создаде и сподели емотивно видео од првата година од животот на нејзиното предвреме родено бебенце, на кое му давале само 5% шанси за да преживее. Малиот Далас се родил тежок само 540 грама со сериозни здравствени проблеми, но успеал да ја надмине секоја пречка на неговиот пат и да се избори за својот живот.

Неговата мајка Кармен го објави видеото со важните моменти од неговиот развој за да им влее надеж на мајките кои поминуваат низ истиот кошмар како неа.

На 21 септември 2019 година донесов на овој свет уште едно чудо. Му дадоа само 5% шанси да преживее и постојано ми велеа: „Ако се породиш сега, големи се шансите да не преживее“. Се молев постојано. Се роди тешко 540 грама. Белите дробови му беа во толку лоша состојба, што ми рекоа дека ќе има потреба од нови, но дека тоа не може да се случи. Имаше перзистентен дуктус артериозус и му дадоа лекарство за да се обидат да го затворат. Неговите бубрези не работеа. Ми рекоа: „Мајко, не изгледа добро“, а јас им реков дека ќе биде добро, да му дадат време. Постојано му зборував, секој ден. Не можев да го допрам, да го гушнам или да го држам еден месец. Беше 100% на кислородна поддршка. Имаше операција на срцето на 3 недели. Имаше 10 трансфузии на крв. Имаше операција на черепот на 7 месеци. Тој е борец! Тој е нашето ЧУДО! Среќен роденден мое слатко момче.

Далас Далас Далас Далас

„И двајцата живеевме во неонатолошкиот оддел за интензивна нега. Имавме добри и лоши денови. Имавме денови кога се обидувавме да заборавиме. Откако се роди, секојдневно гледав како моето дете се бори за живот. Болеше. Мразев да го гледам моето дете како се мачи, но силата што ја видов ме правеше неверојатно горда. Горда, што моето дете не се откажа, горда, што моето дете се избори“ – пишува Кармен.

Далас Далас Далас Далас Далас Далас Далас Далас Далас Далас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.