Почетна » Новости » Животни стории » Бебе родено 4 месеци предвреме, тешко колку лименка сок, преживеа наспроти лошите прогнози

Бебе родено 4 месеци предвреме, тешко колку лименка сок, преживеа наспроти лошите прогнози

Понекогаш, најмалите умеат најжестоко да се борат за својот живот.

Бебенце родено во 24. недела, тешко само 370 грама, ги надмина очекувањата на докторите во болница во Канада и преживеа.

Сега, малата Ивана има една година и е здраво и среќно бебе кое одлично се развива.

Ивана Ивана Ивана

Нејзината мајка Марија создаде 12-минутно видео кое го раскажува нејзиниот досегашен живот. „Ми велеа дека треба да ја прекинам бременоста и дека шансите Ивана да преживее се една на милион. Приказната за Ивана е приказна за вербата во прекрасно чудо. Докторите ја нарекоа бебе ‘спротивно од сите прогнози’“ – напиша Марија во описот.

Видео

Минијатурното бебенце се роди на 20 март минатата година на 24 недели и 6 дена. Бременоста на Марија била високоризична и пред породувањето таа поминала неколку дена на болница под лекарски надзор.

„Таа недела беше пекол. Бев на болница поради мене, а моето бебе беше изгубен случај. Ми велеа дека треба да ја прекинам бременоста, со 330 грама бебето нема да преживее, но кога видоа колку сум тврдоглава и дека верувам во чуда, ми ветија дека ќе ја проверат тежината на бебето во 24-тата недела. Но, Ивана најде начин да ги измами. Таа мамеше на ултразвукот и тие мислеа дека таа доби 100 грама за две недели. Решија да ни дадат шанса. Кога се роди плачејќи и дишејќи самостојно, тие не можеа да веруваат.“

„Моето бебе се роди со само 370 грама. За да ви доловам подобро, тоа е отприлика тежина и големина на лименка со сок, а препорачаната граница за реанимирање на предвреме родени бебиња е 450 грама. Денес моето девојче нема здравствени проблеми и не заостанува во развојот. Премногу му сум благодарна на медицинскиот персонал кој ме поддржуваше на ова патување. Јас сум екстремно среќна мајка и не можам да замислам како ќе беше ако на моето бебе не му дадеа шанса да живее“ – пишува Марија.

Докторите ѝ дале шанса за преживување на Ивана само затоа што кога се родила, таа дишела и плачела.

„Вообичаено не им даваат шанса на толку мали бебиња, но истовремено Ивана плачеше, дишеше и мрдаше. Докторката му рече на тимот да ѝ стават маска со кислород. Докторката ми кажа дека сите мислат дека таа е луда што ѝ дава шанса на Ивана, а никој немаше претстава колку Ивана ќе ги изненади сите“ – пишува Марија на својот блог.

Мајката на бебенцето за првпат добила шанса да го земе во раце две недели по раѓањето.

„Секој ден ја држев 4-10 часа дневно. Тоа се нарекува кенгур нега (kangaroo care). Докажано е дека овој тип нега му помага на развојот на мозокот на бебето. Многу е важно и таткото да го држи бебето“ – пишува таа во видеото.

Ивана Ивана Ивана Ивана Ивана

Бебенцето започнало да диши самостојно во 34-тата гестациска недела, а првпат излегло надвор од болничките ѕидови 40 недели по раѓањето.

Ивана Ивана Ивана Ивана

Преку цевка за хранење, Ивана уште од самото раѓање се хранела со мајчино млеко, но по неколку месеци научила самостојно да цица и пие млеко од шише. Четири месеци по раѓањето, таа добила дозвола да си оди дома. Тогаш тежела 2,4 килограми.

Ивана Ивана Ивана Ивана Ивана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.