Почетна » Новости » Занимливости » „Тоа беше огромно изненадување за нас“: Семејство му посака добредојде на првото девојче во 138 години

„Тоа беше огромно изненадување за нас“: Семејство му посака добредојде на првото девојче во 138 години

Семејство од Мичиген му посака добредојде на првото девојче од 1885 година наваму.

Одри Одри

Каролин и Ендрју Кларк ја добиле ќеркичката Одри на 17 март годинава и биле пресреќни со приновата во нивното семејство. Но, Каролин била шокирана кога дознала дека Одри е првото женско бебе родено во семејството на нејзиниот сопруг во 138 години.

„Тоа беше огромно изненадување за нас“ – рекла таа.

Одри

Каролин првпат слушнала за семејната приказна кога започнала да се состанува со Ендрју, но не поверувала. Подоцна, неговите родители ѝ потврдиле дека навистина се нема родено девојче во нивната директна линија од 1885 година.

„Тој ми рече: ‘Не, легитимно не сме имале девојче во нашата директна линија повеќе од 100 години.’ Ги прашав неговите родители да ми ја потврдат таа информација и тие ми рекоа дека е точно. Тој има вујковци и братучеди кои имале девојчиња, но во неговото директно семејно дрво нема девојче“ – објаснила таа.

„Искрено воопшто не ни беше гајле дали е момче или девојче кога дознавме дека сум бремена. Само бевме благодарни и се молевме за здрава бременост и здраво бебе“ – рекла мајката.

Одри Одри

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.