Почетна » Новости » Занимливости » Тинејџер изненади девојка со посебни потреби и стана нејзин партнер за матурата

Тинејџер изненади девојка со посебни потреби и стана нејзин партнер за матурата

Горда мајка сподели приказна за својот син, кој без размислување изненади девојка со посебни потреби, нудејќи се да ѝ биде партнер за матура.

Имено, Трина Хаф Пирс од Јута случајно му покажала објава на синот Карсон за девојка во инвалидска количка, која нема со кого да оди на матурската прослава. Таа вели дека момчето веднаш се понудило да ѝ стане придружник на девојката по име Изи.

Карсон и Изи Карсон и Изи Карсон и Изи

Прочитајте ја целата порака:

ОВА момче! Пред неколку недели, Карсон влезе во собата и ме виде расплакана, па ме праша што не е во ред. Му прочитав објава на Facebook за мајка на 16-годишна девојка со посебни потреби, која бара партнер за нејзината ќерка за матура. Тој рече: ‘Мамо, јас ќе го направам тоа’.

И така направи! Еден ден пред нејзината матура, отидовме да ја украсиме нејзината соба и Карсон се сретна со Изи. Потоа, тој ја придружуваше на матура, каде што таа беше крунисана за Војвотка. По завршувањето, тој седеше и гледаше цртани филмови со неа во нејзината соба.

Изи е мила девојка, која не може да зборува, врзана за инвалидска количка и со туба за хранење. Сепак, неколкупати го погледна Карсон во очи и се расположи, а исто и тој.

Ние сме многу повеќе слични, отколку што некогаш ќе бидеме различни. Во свет полн со избори, изберете љубезност!

Ова е само приказна за едно момче кое сум благословена што можам да го наречам ‘син’! Тој е причината што сакам да бидам подобра личност и да правам подобри работи.

Карсон доби многу пофалби. „Ти си прекрасна личност. Бог да те благослови што ѝ ги оствари соништата“, „Колку љубезно срце“ и „Прекрасна приказна и прекрасно младо момче“ – се дел од коментарите на објавата.

Карсон и Изи Карсон и Изи Карсон и Изи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.