Почетна » Новости » Занимливости » Телеком организираше детски работилници „Креативност и технологија“

Телеком организираше детски работилници „Креативност и технологија“

Минатиот викенд, новата Телеком flagship продавница на плоштад беше место исполнето со детска смеа. На работилниците за најмалите – „Креативност и технологија“, децата и нивните родители се забавуваа, учеа и креираа користејќи ја технологијата.

Работилниците кои беа отворени за сите посетители, понудија едукативни програми за секоја возраст. Децата, низ игра со LEGO коцки ги истражуваа емоциите и физичките карактеристики, учеа да размислуваат критички и да решаваат проблеми и имаа ретка можност да се едуцираат за роботика преку задавање мисии и задачи на робот, што особено им се допадна.

Телеком работилница Телеком работилница

Имаше голем интерес и за изработка на 3D формите со 3D пенкала, изработка на Дедо мраз и новогодишни украси во 3D форми од хартија, особено кај најмалите учесници. Преку овие работилници, освен што се забавуваа, децата научија како технологијата може да ја поттикне креативноста и да го олесни учењето.

Работилниците беа поддржани од СТЕМ Академија, М3ДС и Harteeya. Убавата енергија и забавата продолжуваат и наредниот викенд. На 21 декември во новата Телеком flagship продавница на плоштад ќе се одржи концерт на омилениот детски лик кај нас - Петко и 5+ Фамилија.

Телеком работилница Телеком работилница

Следете ги фан-страниците на Македонски Телеком за да дознаете повеќе: Facebook, Twitter и Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.