Почетна » Новости » Занимливости » Тајванка ќе се омажи сама со себе

Тајванка ќе се омажи сама со себе

Тајванката Чен Веи-ји ја испланирала и ја организирала својата свадба од соништата, а бидејќи не успеала да го најде принцот на бел коњ, решила да се омажи сама со себе.

Чен Веи-јиЧен Веи-ји позира во својата венчаница

Со цел да го промени традиционалното мислење во Азија дека независните сингл жени се неуспешни, Чен вели дека ќе се омажи со себе: „Мојата работа и искуство се одлични, но немам партнер, па што да правам?“.

Жените кои веќе ја достигнале 30-тата година од својот живот, а сè уште го немаат најдено својот маж од соништата за да склучат брак, се под голем притисок од општеството. Чен решила да го тргне тој притисок од себе со тоа што ќе направи свадбена прослава, а по свадбата ќе оди и на соло медено патување.

Чен на својот Фејсбук профил има поставено слики на кои е по венчаница. Прославата на којашто ќе присуствуваат 30 нејзини најблиски пријатели и роднини треба да се одржи наредниот месец, а потоа Чен ќе замине во Австралија на свадбено патување.

Жените во Тајван сè поретко стапуваат во брак или тоа го прават подоцна во својот живот. Само 40% од жените таму сметаат дека луѓето во брак можат да живеат подобро од луѓето со статус сингл.

Чен не може официјално да го регистрира својот брак, но затоа пак го привлекува вниманието кон овој проблем. Таа на Фејсбук добива голема поддршка од многу жени од цел свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.