Почетна » Новости » Занимливости » Татко ѝ праќа фотошопирани фотографии на саканата секојпат кога таа ќе го праша дали децата се добро додека тој ги чува

Татко ѝ праќа фотошопирани фотографии на саканата секојпат кога таа ќе го праша дали децата се добро додека тој ги чува

Кени Доус од Белгија се шегува со саканата секојпат кога таа ќе праша дали децата се добро додека тој се грижи за нив.

Креативниот татко создава фотошопирани фотографии во кои ги става децата во опасни ситуации, а потоа истите ѝ ги испраќа на нивната мајка.

Оваа идеја кај Кени се роди откако неговата партнерка побарала фотографија од ќеркичката за да се осигури дека сè е во ред. „Додека работеше, таа постојано ми бараше фотографии за да провери дали бебето е добро. Тогаш одлучив да направам нешто забавно“ – рекол Кени.

Среќен роденден Аликс! Иако поради ковид имавме мала забава, супер си поминуваме!

Татко фотошопира фотографии од децата

Поминавме два дена на крајбрежјето на Белгија. Очигледно тука има неколку агресивни галеби. Ако некој го најде нивното гнездо со Астер во него, ве молам да ме известите.

Татко фотошопира фотографии од децата

Обожавам да готвам со тато.

Татко фотошопира фотографии од децата

Аликс одлучи да собере пари преку продажба на некои нови играчки. Да се надеваме дека нејзината продавница ќе биде успешна.

Татко фотошопира фотографии од децата

Благодарение на својата креативност и смисла за хумор, Кени исплети мрежа од 163 илјади следбеници на Instagram.

„Повеќето фотографии ми одземаат многу време. За да ги направам фотографиите што пореални, морам да бидам сигурен дека ситуацијата е реална и возможна. Тоа значи дека, за идејата да се оствари, мора да одеме на локацијата од фоотграфијата и да ги користиме предметите кои ми требаат. Понекогаш, може да додадам вештачка позадина или предмет, но тоа ќе направи фотографијата да изгледа лажно“ – вели Кени.

Тимската работа е најдобра. За среќа, тато знае како да фаќа.

Татко фотошопира фотографии од децата

Тато се плаши од вирусот, па нарачавме неколку вакцини онлајн.

Татко фотошопира фотографии од децата

Мама нè замоли да ја испереме облеката и да ја избањаме Астер. За среќа, тато е паметен и ги направи двете нешта истовремено.

Татко фотошопира фотографии од децата

Не треба многу за да уживаш во погледот. Тато секогаш внимава на опасностите на улицата.

Татко фотошопира фотографии од децата

Совршено време за скара!

Татко фотошопира фотографии од децата

Таа копа за да ја поставиме новата лулашка.

Татко фотошопира фотографии од децата

Во денешно време не можеш никаде да стигнеш поради сообраќајниот метеж.

Татко фотошопира фотографии од децата

Тато ме учи да возам велосипед. Не сум сигурна дали ова е најдобриот начин, но тато изгледа многу возбуден, па ајде да се обидеме!

Татко фотошопира фотографии од децата

Среќен Божиќ!

Татко фотошопира фотографии од децата

Внимателно, лизгав под!

Татко фотошопира фотографии од децата

Денес е совршен ден за прошетка!

Татко фотошопира фотографии од децата

Прв ден на мама на работа по породилното отсуство. Ме замоли да не заборавам да го нахранам бебето. Мислам дека добро се справив

Татко фотошопира фотографии од децата Татко фотошопира фотографии од децата Татко фотошопира фотографии од децата Татко фотошопира фотографии од децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.