Почетна » Новости » Занимливости » Танц на мраз за олимписко злато: Канадската танцова двојка триумфираше на ЗОИ

Танц на мраз за олимписко злато: Канадската танцова двојка триумфираше на ЗОИ

Теса Вирту и Скот Моир го освоија златото на Зимските олимписки игри во Пјончанг, Јужна Кореја.

Канадската танцова двојка одушеви во кратката програма со енергичен настап на латино, самба и ча-ча музика, но и во слободната програма кога танцуваше на музика од „Мулен Руж“.

Теса Вирту и Скот Моир

„Пресреќна сум со овој натпревар. Таа изведба беше навистина специјална и навистина незаборавна. Златниот медал е само црешата на тортата“ - изјави Вирту.

Ова е петти олимписки медал за успешниот пар, кој е заслужен за победата на Канаѓаните и во групните натпреварувања. Претходно тие освоија злато на ОИ во Ванкувер во 2010 година и сребрени медали на ОИ во Сочи во 2014 година.

Теса Вирту и Скот Моир

Теса и Скот најавија дека планираат да се пензионираат по завршувањето на натпреварувањата. Талентираните спортисти лизгаат заедно 20 години.

Француската двојка денес го освои сребрениот медал, додека бронзата заврши кај братот и сестрата Алекс и Маја Шибутани од САД.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.