Почетна » Новости » Занимливости » Супермаркет за љубов

Супермаркет за љубов

Приближувањето на празникот на вљубените создава чувство на осаменост кај многу луѓе. Поради тоа, дел од нив се зачленуваат на сајтови за запознавање или преку своите пријатели се обидуваат да го најдат идеалниот партнер.

Кинезите пак измислиле малку понестандардно решение на проблемот со пронаоѓањето на партнер. Во Пекинг во ноември беше отворен т.н. супермаркет за љубов.

Супермаркет за љубовЗаинтересираните избираат свој партнер во супермаркетот за љубов во Пеникг.

„I'm Looking For You“ е супермаркет во кој што наместо хранливи продукти на рафтовите има податоци за луѓето кои бараат љубовен партнер. Клиентите на овој супермаркет оставаат слика и основни податоци како име, возраст, професија и доходи, па секој може да ја разгледува информацијата.

Супермаркетот дури има обезбедено дел каде што ќе можат да се среќаваат насамо заинтересираните нови парови. Идејата за супермаркетот „I'm Looking For You“ била породена од потребата на луѓето да се сретнат во пријателска и опуштена атмосфера и да ги избегнат непријатните случки кои ги носи анонимното состанување или состанувањето организирано преку интернет.

Од отворањето во ноември досега, супермаркетот помогнал да се создадат над 50 успешни врски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.