„Божиновски часовници и накит“, како бренд кој повеќе од две децении шири мрежа на лојални клиенти и е синоним за квалитетни часовници и беспрекорен сервис, откри Која е тајната на вашиот часовник?.
За време на презентација на првиот саем за мажи „Gentlemen's Expo“, Сузана Турунџиева, во улога на бренд амбасадор на „Божиновски часовници и накит“, ги едуцираше посетителите за фасцинантните механизми кои стојат зад луксузните часовници и за грижата за нив.

„Гордост е да се биде дел од тимот на ‘Божиновски часовници и накит’ од проста причина што во сите овие 20 и неколку години ние воспоставивме една одлична соработка, релација и доверба, градиме доверба со нашите клиенти на кои им е јасно што значи да купиш часовник и да купиш часовник од Божиновски, оригинален швајцарски часовник. Кој бара посветеност, кој има сеизмичка прецизност и на кој нашите сервисери во моменти кога треба да интервенираат, му приоѓаат со безрезервна љубов, знаење, посветеност и соработка со клиентите кои ги чувствуваме како дел од големото семејство на Божиновски.“
„Праксата и искуството покажаа дека еден добар часовник би требало да се сервисира на секои четири до шест години. Ние тоа секогаш им го укажуваме на нашите клиенти кои сакаат дополнителни информации за своите часовници. Нашите сервисери, коишто се врвно обучени за она што го прават и надалеку познати со својата стручност, им приоѓаат на клиентите и нивните часовници исто како што матичниот лекар му приоѓа на својот пациент“ – изјави таа во интервју за Gol.mk.
Видео
Додека експерт од тимот ја покажуваше работата врз комплексниот механизам Valjoux 7750, Турунџиева потенцираше дека квалитетниот сервис е од суштинска важност за долговечноста на часовниците.












Фото: Gol.mk/Филип Вирановски