Почетна » Новости » Занимливости » „Судбината ги спои“: Детенце со зајачка уста и различни очи доби мачор ист како него

„Судбината ги спои“: Детенце со зајачка уста и различни очи доби мачор ист како него

Детенце со различни очи и зајачка уста веќе не се чувствува осамено откако доби мачор ист како него. Сега, мачорот Мун не само што му е најдобар пријател на малиот Меден, туку и секојдневно го потсетува дека уникатноста е нешто магично.

Меден и Мун Меден и Мун Меден и Мун

7-годишното момче било родено со двојни расцепи на усните и непцата и со целосна хетерохромија. Меден има поминато низ многу операции за да стигне до изгледот кој го има денес, но и покрај тоа честопати е исмејуван од неговите врсници.

Знаејќи дека не може да го промени однесувањето на сите луѓе, мајката на Меден постојано се обидува да изнајде начини за го научи да гледа на неговата различност како на нешто неверојатно и магично.

Само помалку од 1% од луѓето во светот имаат целосно различни очи, а вистинска реткост е да се има и хетерохромија и расцепи на устата.

Откако Христина слушнала дека постои мачор за посвојување родена со иста состојба како нејзиниот син, таа веднаш знаела дека мора да го доведе во нивниот дом.

„Им беше судено да бидат најдобри пријатели. Интересно е како еден миленик може да направи да се чувствувате помалку осамено“ – рекла таа по вдомувањето.

„Мачето Мун и Меден се совршени еден за друг. Во свет полн со зајадливи луѓе и зборови полни со омраза, ние избираме љубов. Слободно можам да кажам дека ова маче е љубов и убедена сум дека е создадено за да биде дел од нашето патување и од патувањето на Меден“ – вели Христина.

Меден и Мун

„Звучи лудо, но судбината сакаше да ги спои овие двајца. Не постои друго објаснување. Сите имаат потреба од пријател и сите имаат потреба да се чувствуваат разбрано. Благодарна сум што Меден го има Мун. Не само што и двајцата сега имаат свој другар, туку и се надевам дека Мун ќе му помогне на Меден да сфати дека тоа што е роден уникатен е нешто неверојатно, дека тој е магија“ – вели таа, додавајќи дека се стреми кон подигнување на свеста за децата со зајачка уста.

Меден и Мун Меден и Мун Меден и Мун

Меден неодамна беше дел од кампања насочена против исмејувањето и малтретирањето. Во видеото за кампањата, тој вели: „Не бидете злобни кон лицата што се различни. Ние веќе имаме поминато низ доволно тешки моменти. Бидете љубезни кон секого. Бидејќи луѓето кои се најтешки за сакање имаат најголема потреба да бидат сакани“.

„Единственото нешто што можеме да го направиме е да се обидеме да ја промениме нашата перцепција за зајадливите луѓе и да се обидеме да го промениме начинот на кој тие влијаат на нас. За жал, секогаш постои веројатност да наидеме на нељубезна личност. Тоа секогаш ќе нè боли, но не можеме да го контролираме туѓото однесување, па ќе се обидеме да дадеме сè од себе за да го промениме нашиот начин на размислување“ – вели неговата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.