Почетна » Новости » Занимливости » Детенце со витилиго си најде најдобар пријател – куче исто како него

Детенце со витилиго си најде најдобар пријател – куче исто како него

Детенце со витилиго престана да се чувствува осамено откако си пронајде нов најдобар пријател – куче кое исто така има витилиго.

Картер и Рауди Картер и Рауди

Картер Бленчард од Арканзас започнал да го губи пигментот на делови од својата кожа уште кога бил во градинка и тогаш му било дијагностицирано витилиго. Како што му се зголемувале белите дамки, така Картер ја губел својата самодоверба.

„Тој учеше во големо училиште, а неговото лице се трансформираше многу брзо. Првото нешто што ми го кажуваше кога ќе влезеше во колата беше дека си го мрази лицето и дека го мрази начинот на кој изгледа“ – вели мајка му на Картер, Стефани.

Животот на 8-годишното момче започнал да се менува откако дознало за постоењето на црниот лабрадор Рауди, кој страдал од истото кожно нарушување како него.

„Откако го пронајдовме Рауди, Картер една вечер ме погледна и ми рече: Твојата кожа е здодевна, бидејќи немаш витилиго“ – рекла Стефани. Картер и Рауди Картер и Рауди Картер и Рауди Картер и Рауди Картер и Рауди

Со помош на донации, Стефани добила можност да го спои својот син со Рауди, а таа средба им го променила животот и му ја вратила самодовербата на Картер. „Средбата му го промени животот. Му го промени детството кон подобро и беше дар кој јас не можев да му го дадам. Ниту една личност не можеше да му помогне да се чувствува подобро. Не можеше ниту една личност која има витилиго. Тоа мораше да биде Рауди. Мораше да биде куче“ – изјавила среќната мајка.

Картер и Рауди Картер и Рауди Картер и Рауди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.