Почетна » Новости » Занимливости » Стоп за насилството! Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

Стоп за насилството! Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

!

Насилството врз жените е глобална пандемија. За разлика од болестите, за неа нема лек, но има начини да се спречи пред да се случи.

Застрашувачки е фактот дека секоја трета жена во светот е жртва на физичко и/или сексуално насилство, најчесто извршено од страна на нејзиниот интимен партнер. Денес светот се обединува за да се осуди насилството врз жените и девојчињата и да се поттикнат конкретни чекори за да се стави крај на овој глобален проблем.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

25 ноември е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените и почеток на кампањата „16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права.

Во рамките на кампањата, се повикуваат луѓето да го обојат светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за жените и девојчињата.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

Светската здравствена организација потенцира дека насилството има долгорочни последици на психичкото и физичкото здравје на жените. Имено, жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортуси, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

„Жртвите на насилство често не го пријавуваат нападот. Сведоците понекогаш одбиваат да преземат нешто. Заедно мора да го запреме тоа и да ги искорениме стереотипите кои ги потценуваат женските гласови и да покажеме дека насилството врз жените е неприфатливо и нема да се толерира од никого“ – пишува во соопштението на Европската комисија по повод Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.