Почетна » Новости » Занимливости » Старица плете 100 кукли за девојчиња кои изгубиле сè што имале во експлозијата во Бејрут

Старица плете 100 кукли за девојчиња кои изгубиле сè што имале во експлозијата во Бејрут

Експлозијата во Бејрут на 4 август 2020 година остави долготрајни последици врз многу семејства.

Јоланда Лабаки е една од личностите кои им ги враќаат насмевките на девојчињата засегнати од несреќата. 93-годишната уметница од Либан со голема љубов плете 100 кукли за 100 мали принцези кои изгубиле сè што имале.

Јоланда Лабаки Јоланда Лабаки

Од денот на несреќата, па сè до денес, Јоланда се буди рано наутро и започнува да работи на куклите. Досега има направено 77 кукли и ѝ преостануваат уште 23 за да си ја постигне целта. Секоја кукла ќе го носи името на девојчето кое треба да ја добие.

„Прабабата Јоланда Лабаки, која е артист со признат талент, се зафати со величествена задача да направи кукли со сопствени раце со цел да им ги подари на 100 девојчиња кои ги загубија нивните“ – пишува на Facebook.

Јоланда Лабаки

Јоланда доби бројни комплименти за нејзината работа, хуманоста и доброто дело.

Јоланда Лабаки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.