Почетна » Новости » Занимливости » Спортист со големо срце: Роџер Федерер играше со детенце на кое му даде ветување пред 5 години

Спортист со големо срце: Роџер Федерер играше со детенце на кое му даде ветување пред 5 години

Кога во 2017 година 6-годишниот Изјан Ахмад му постави прашање на Роџер Федерер на пресконференција, воопшто не ни помислуваше дека еден ден ќе застане наспроти него на тениското игралиште.

За време на УС Опен, момчето нарекувано Зизу ја праша тениската легенда дали ќе продолжи да игра додека тој да порасне за да може да му биде опонент.

„Можеш ли, те молам, да продолжиш да играш уште осум, девет години за да можам да играм со тебе кога ќе бидам професионален играч?“ – го праша Изјан, а Федерер му даде ветување дека ќе го направи тоа.

Пет години подоцна, во јуни оваа година, во соработка со Barilla, тој го исполни дадениот збор.

Роџер Федерер Роџер Федерер Роџер Федерер

Изјан отпатува во Цирих, мислејќи дека оди на тренинг. Но, таму го чекаше најголемото и најубаво изненадување во неговиот живот.

Вака изгледа исполнување на еден детски сон:

Роџер Федерер Роџер Федерер Роџер Федерер Роџер Федерер Роџер Федерер Роџер Федерер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.