Мариел Слагер Келер има изградено специјална врска со своите ученици. Посветената учителка не можела да си замисли да го помине најважниот ден од својот живот без нив, па ги покани сите свои ученици да бидат дел од нејзината свадба.
На свадбената церемонија во Индијана, дечињата ја водеа среќната невеста кон олстарот. Дваесетте момчиња и девојчиња изгледаа преслатко облечени во бело и со топли прегратки ѝ честитаа на Мариел.




„Тие се деца кои ми значат премногу. Тие се дел од мене“ – изјавила Келер. „Тоа што ги имав нив да ме водат кон олтарот за мене беше навистина посебно. Имаше многу солзи“ – додала таа.






„Сметам веројатно за 10 или 20 години, ќе стане уште поспецијално за нив да го имаат овој спомен кој ќе им остане засекогаш“ – објаснува Мариел.






