Почетна » Новости » Занимливости » Сопругата на нуркачот кој загина спасувајќи ги момчињата во пештерата во Тајланд со емотивни пораки за својот сакан

Сопругата на нуркачот кој загина спасувајќи ги момчињата во пештерата во Тајланд со емотивни пораки за својот сакан

Пред два дена успешно заврши мисијата за спасување на дванаесетте момчиња и тренерот од пештерата во Тајланд, но за жал, едно лице го загуби својот живот обидувајќи се да му помогне на заробениот тим.

Станува збор за Саман Кунан, нуркачот кој почина во пештерскиот комплекс откако остана без кислород. Додека луѓе од целиот свет му се заблагодаруваат за несебичноста и помошта, неговата сопруга со емотивни пораки и скршено срце се збогува со својот сакан.

На Instagram, Валипоан Кунан сподели фотографии со храбриот херој и напиша: „Те сакам премногу. Ми недостигаш. Ти си моето срце... Отсега кога ќе се будам... кого ќе бакнувам?“.

„Сакам да се вратам назад и да го запрам времето... засекогаш“ – напиша таа во друг пост.

Ужалената вдовица доби утешни коментари од илјадници лица.

„Нашите срца се со вас и вашето семејство во ова тешко време. Твојот сопруг е многу храбар. Светот нема да ја заборави неговата добрина и сè што тој направи за да ги спаси тие момчиња.“

„Биди силна. Твојот сопруг е херој. Нека почива во мир.“

„Тој ќе живее засекогаш преку спомените за неговото храбро дело.“

„Вистински херој. Херој на човештвото. Херој на светот. Тој е инспирација за сите нас и неговата прекрасна душа се смее таму горе“ – се дел од коментарите на профилот на Валипоан.

Валипоан изјавила дека не сака момчињата да се чувствуваат виновни за смртта на Саман. „Сакам да им кажам на момчињата: 'Ве молам не се окривувајте себеси'“ – изјавила таа.

Кунан Кунан Кунан Кунан Кунан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.