Почетна » Новости » Занимливости » Солзи радосници: Девојче со протетичка нога плаче од среќа кога ќе добие кукла со протетичка нога

Солзи радосници: Девојче со протетичка нога плаче од среќа кога ќе добие кукла со протетичка нога

Девојче со протетичка нога си доби совршен подарок. Семејството на малата Ема ѝ подари кукла со протетичка нога и руса коса, која наликува на неа.

Во видео, сестричката на Ема ѝ ја носи кутијата во која се крие убавото изненадување. Реакцијата и солзите радосници на Ема кога ќе го отвори подарокот нема да ве остават рамнодушни.

Родителите на Ема претходно ја испратиле куклата до компанија која изработува протетики за да ѝ стават мала протетичка нога.

Куклата пристигна заедно со писмо за Ема од компанијата. „Откако таа пристигна тука, ѝ дадовме соба во која престојуваше додека се правеше нејзината нова нога. Кога ѝ ја ставивме новата нога во нејзината омилена боја, розова, таа веднаш започна да чекори на неа. По неколку неделен тренинг за одење со новата протетичка нога, таа е сега подготвена да си оди дома и да го живее животот без ограничувања со тебе“ – пишува во писмото за Ема од компанијата.

Видеото за само еден ден е прегледувано речиси 6 милиони пати на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11586 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.