Почетна » Новости » Занимливости » Солзи и емоции: Моментот кога 11-годишно девојче ќе се сретне со момчето кое му донираше коскена срж

Солзи и емоции: Моментот кога 11-годишно девојче ќе се сретне со момчето кое му донираше коскена срж

Видео од момент кога малата Лејла Андерсон ќе го запознае момчето кое ѝ донираше коскена срж ќе ве исполни со емоции.

11-годишното девојче доби втора шанса за живот благодарение на 18-годишниот Кентон Фелмли, кого имаше можност да го запознае по трансплантацијата.

Пред две години, на Лејла ѝ била дијагностицирана хемофагоцитна лимфохистиоцитоза, живото-загрозувачка автоимуна болест. Благодарение на пресадувањето на коскената срж и хемотерапиите, Лејла сега е во добра здравствена состојба.

Кентон и Лејла

Кентон цел живот гледал како автоимуна болест му го загрозувала животот на неговиот татко. Поради тоа, кај него се родила желбата да биде донор и да им помага на оние семејства кои се соочуваат со истите проблеми.

„Како што растев, сфаќав дека татко ми не сака ништо друго освен да има нормален живот и да поминува повеќе време со своите деца, но поради неговата состојба, не може. Тоа навистина влијаеше врз мене и ќе дадам сè од себе за да се обидам да направам промена во животот на другите луѓе, за тие да не мора да минуваат низ она што помина татко ми и нашето семејство“ – вели Кентон.

Кентон и Лејла Кентон и Лејла

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10386 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.