Почетна » Новости » Занимливости » Со години играле лотарија со истите броеви, сега освоија 1 милион долари

Со години играле лотарија со истите броеви, сега освоија 1 милион долари

Сегашни и поранешни колеги, кои со години играле лотарија со истите броеви, освоија 1 милион долари.

Лото

Станува збор за група од 30 вработени во основно училиште во Кентаки, кои низ годините заедно вложуваа пари и секоја недела играа со тикет на кои стоеја истите бројки. Сè додека неодамна не им се насмевна среќата.

„Една од нашите пензионирани наставнички постојано играше на лотарија и луѓето ѝ се придружуваа. Потоа стана поорганизирана и собра група од 30 луѓе кои вложуваа пари. Постојано играше во изминатите 2-3 години и секоја недела играше со истите бројки“ – објаснила Шерон Рејнолдс, една од добитничките.

„Секоја недела ни праќаше фотографија од нашиот тикет во групна порака за да можеме да видиме дека е уплатено. Овој пат ни напиша: ‘Мислам дека сме добитници’. Си помислив дека се шегуваат со мене затоа што следниот ден ми беше роденден“ – додала таа.

Но, тоа не било шега. Откако неколкупати ги провериле бројките, среќните добитници отпатувале заедно за да си ја подигнат премијата.

Лото Лото

Секој од 30-те членови од групата добил по 33.333 долари, а по плаќањето на данок нивната добивка изнесувала 24.000 долари.

„Секоја личност што е меѓу добитниците некогаш чекорела низ нашето училиште. Тринаесет од нас сме сè уште тука, а седумнаесет се или во други училишта или се пензионирани“ – рекла Шерон.

Таа објаснила дека парите многу ќе ѝ помогнат да ги плати заостанатите долгови и да им помогне на трите ќерки.

„Пораснав во сиромаштија, па 24 илјади долари за мене се премногу пари“ – додала таа.

Лото Лото

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.