Почетна » Новости » Занимливости » Смешната шапка од кралската свадба се продаде за $130.000

Смешната шапка од кралската свадба се продаде за $130.000

Фамозната шапка која принцезата Беатрис ја носеше на кралската свадба достигна цена од 131 341 долари на eBay. Смешната светло розова шапка донесе многу насмевки ширум светот, а поради големата популарност, нејзината сопственичка реши да ја искористи за хуманитарни цели.

Принцезата Беатрис и принцезата ЈуџинПринцезата Јуџин и принцезата Беатрис

Наддавањето за креацијата на дизајнерот Филип Трејси заврши вчера. Собраните парични средства ќе бидат донирани во УНИЦЕФ и Британската хуманитарна организација „Children in Crisis“.

На 29 април, од сите престижни креации на кралската свадба, шапката на Беатрис освои најголемо внимание.

Принцезата Јуџин и принцезата Беатрис

„Бев воодушевена од големото внимание што го привлече шапката. Ова е одлична можност да се соберат колку што е можно повеќе пари за две фантастични хуманитарни организации. Се надевам дека оној којшто ќе ја добие аукцијата ќе се забавува со шапката исто колку што и јас се забавував“ – изјавила 22-годишната принцеза.

Исмејуваната креација има и своја страна на Facebook со повеќе од 143 000 обожаватели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.