Почетна » Новости » Занимливости » Слика за пожртвуваноста на докторите: Татко „живее“ во шатор во гаражата за да го заштити семејството од коронавирусот

Слика за пожртвуваноста на докторите: Татко „живее“ во шатор во гаражата за да го заштити семејството од коронавирусот

Докторите кои се секојдневно изложени на коронавирусот, преземаат драстични мерки за да ги заштитат своите семејства, бидејќи големи се шансите и самите да се носители.

Додека некои од нив живеат во одделни станови, татко од Калифорнија си постави шатор во гаражата, каде се само-изолира.

Посветениот пулмолог спие и јаде таму за да ги заштити сопругата и ќеркичката.

Доктор

„Јас сум пулмолог и се грижам за критично болните лица од КОВИД-19. Доброволно избрав да бидам бездомник за да го заштитам семејството, во случај јас да се заразам и да го донесам вирусот дома. Поминав една ноќ во автомобилот, потоа 4 ноќи во соба во болницата. На петтиот ден, сопругата дојде до идеја да живеам во шатор во нашата гаража. Па, еве ме. Мојот дом за ХХ недели и месеци.“

„Вие можете да ми помогнете мене и на другите медицински лица со тоа што ќе ОСТАНЕТЕ ДОМА. САМО НАПРАВЕТЕ ГО ТОА. Никој не е премногу кул за да остане дома. Никој не е премногу здрав за да се разболи. СЕДЕТЕ ДОМА и помогнете во спречувањето на ширењето на вирусот. Безброј доктори, медицински сестри и други медицински лица работат напорно за да го спасат ВАШИОТ ЖИВОТ. Најмалку што можете да направите е да останете дома за да можеме ние, исто така, еден ден да си одиме дома кај нашите сакани - пишува докторот во описот на фотографиите.

Доктор Доктор Доктор Доктор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.