Почетна » Новости » Занимливости » Слатка фотосесија со мали идентични близначки со Даунов синдром ќе ве разнежни

Слатка фотосесија со мали идентични близначки со Даунов синдром ќе ве разнежни

Малите Блејкли и Бринли се вистинска реткост. Двете сестрички се идентични близначки и се родени со Даунов синдром, што се случува 1-2 пати на милион раѓања. Фотографката Лаура Дагелби имаше можност да им направи фотосесија на неодоливите бебиња, а фотографиите привлекоа големо внимание.

Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли

Мајката на близначките, Никол, дознала дека нејзините неродени бебиња имаат Даунов синдром во 15. недела од бременоста, при што ѝ биле дадени две недели да одлучи дали ќе продолжи со бременоста или ќе ја прекине. Првата реакција на Никол била плачење и плачење, но благодарение на огромната поддршка од семејството, таа одлучила да ги роди своите бебиња.

И не згрешила. Сега Никол вели дека е подобра личност, дека го обожава мајчинството и дека не би го променила за ништо на светот. Таа се надева дека близначките еден ден ќе можат да живеат самостојно, знаејќи колку се благословени што се имаат една со друга.

Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли

„Искрено верувам дека децата со Даунов синдром се раѓаат со поголемо срце. Овие деца не се товар или за отфрлање, туку се прекрасни подароци за светот. Навистина се надевам дека луѓето можат да ги отворат своите очи и да ги сакаат еднакво. Почестена сум што имав можност да ја запознам Никол... Го обожавам нејзиниот силен дух да се бори за нејзините девојчиња со целата своја сила и да ги сака жестоко како што заслужуваат. Се надевам дека ќе пораснат заедно и ќе постигнат многу прекрасни нешта во овој живот, можејќи да се потпрат една на друга“ – пишува фотографката на својот сајт.

Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли Блејкли и Бринли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.