Почетна » Новости » Занимливости » Скулптура на Џакомети продадена за $104 милиони

Скулптура на Џакомети продадена за $104 милиони

L'Homme qui marche IСкулптурата „L'Homme qui marche I“

Бронзената скулптура на швајцарскиот уметник Алберто Џакомети постави нов рекорд за најскапо уметничко дело продадено на аукција, откако беше купена за неверојатни 104 327 000 долари.

Скулптурата „L'Homme qui marche I“ била продадена на анонимен купувач по 8 минутно наддавање во средата во Лондон. Во краткото наддавање се вклучиле 10 лица, а почетната цена била 12 милиони фунти.

Високата почетна цена била изненадување и за експертите, кои предвидувале дека ова дело на Џакомети ќе достигне крајна цена помеѓу 12 и 18 милиони фунти. Експертите ја оправдале оваа цена со коментарот дека скулптурата е „иконска, ретка и ремек дело“ – пишува британскиот Телеграф.

Претходниот рекорд го држеше сликата „Garcon à la Pipe“ на Пабло Пикасо, која била продадена во 2004 година за 104,1 милиони долари. Тоа е првата слика чија цена достигнала 100 милиони долари.

Пред Пикасо, сопственик на овој рекорд беше Ван Гог со сликата „Portrait of Dr Gachet“, која во 1990 година била продадена за 82,5 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.