Почетна » Новости » Занимливости » „Сите сме на иста страна“: Видео кое ги брише предрасудите меѓу мајките

„Сите сме на иста страна“: Видео кое ги брише предрасудите меѓу мајките

Доење или вештачко млеко, враќање на работа кратко време по породувањето или останување дома, користење на кенгур или количка, избор на тип на дисциплинирање – одлуките на родителите не се лесни, но најчесто, какви и да се, наидуваат на осудувања и критики.

Видеото „The Mother ’Hood“, кое е дел од кампањата „The Sisterhood of Motherhood“ (Сестринството на мајчинството), прикажува конфронтации меѓу мајки и татковци со стереотипни размислувања, кои ги осудуваат оние кои избрале различни методи за да ги одгледаат своите деца. Но, на крајот од видеото сите тие се обединуваат за да спасат бебе кое е во опасност, пренесувајќи порака дека иако сите родители се различни, нив ги поврзува љубовта кон децата и дека сè што прават е за доброто на нивните најмили.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11123 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.