Почетна » Новости » Занимливости » „Сите деца се убави и можат да направат неверојатни нешта“: Момче со Даунов синдром е ѕвезда во кампања на Amazon

„Сите деца се убави и можат да направат неверојатни нешта“: Момче со Даунов синдром е ѕвезда во кампања на Amazon

Преслатко момче со Даунов синдром е ѕвездата на кампања на Amazon.

Малиот Рио освои многу срца кога пред неколку месеци беше еден од моделите на Primark, а сега го прави истото како дел од кампањата Amazon Smile, која им овозможува на купувачите да донираат во хуманитарни цели.

Рио Рио Рио

22-месечниот Рио е роден со Даунов синдром, проблеми со дишењето и со цревата и има поминато низ операција, но тоа не ја брише насмевката од неговото лице.

Неговите родители, преку ангажманите на малото момче, шират прекрасна порака низ светот – дека секој може да направи разлика и дека секое дете е способно на неверојатни нешта.

„Сето ова е освежување, бидејќи најискрено го помислувавме најлошото кога првпат ни ја кажаа дијагнозата“ – рекол таткото Антони.

„Ја отвораме вратата за многу други како него да покажат дека ДА, можеш да направиш разлика“ – додал тој.

Рио Рио

Мајката на Рио, Кимберли, многу се гордее со него и е пресреќна што лицата со хендикеп се застапени во рекламните кампањи. „Многу се гордееме со Рио, прекрасно е да се гледа како децата со хендикеп се претставувани во рекламните кампањи. Како и сите родители, само сакаме Рио да е среќен и да се чувствува вклучено, ќе продолжиме да се залагаме за него. Се надеваме дека Рио ќе им покаже на други деца дека без разлика на нивните способности, сите деца се убави и можат да постигнат неверојатни нешта“ – рекла мајката.

Преку Instagram профилот Life with the warRIOr, Кимберли и Антони ја подигнуваат свеста за лицата со Даунов синдром и го покажуваат нивното патување.

Рио Рио Рио Рио Рио Рио Рио

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.