Почетна » Новости » Занимливости » Сè за љубов: Романтичен маж организирал лажна свадба за да ја запроси својата сакана

Сè за љубов: Романтичен маж организирал лажна свадба за да ја запроси својата сакана

Сè за љубов...

Романтичен маж ја запроси својата сакана на мошне оригинален начин.

Фотографот Живаго Сејлс организирал лажна свадба за да ѝ предложи брак на љубовта на својот живот – Лаура.

Лаура и Живаго, кои се професионални свадбени фотографи, се запознале пред осум месеци и набрзо ја започнале својата врска. Инспириран од бројните свадби на кои заедно работеле, Живаго ја добил креативната идеја за предлогот за брак.

Тој посветено до детали ја испланирал свадбата и ангажирал „младоженец и невеста“, свештеник, гости и девојче кое ќе ги носи прстените на младенците до олтарот, а како фотографка ја ангажирал својата девојка.

Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба

Малото девојче всушност имало многу важна улога во изненадувањето. Додека Лаура ги фотографирала младенците, како и целата церемонија, девојчето влегло во црквата носејќи кутија со венчални прстени, но наместо фотографија од младенците, во кутијата била поставена фотографија од Лаура и Живаго.

Незабележувајќи ја фотографијата, Лаура продолжила со својата работа. Потоа, започнала да свири песната „Marry You“ од Бруно Марс и во црквата се појавил Живаго. Кога сфатила што се случува, Лаура не можела да им поверува на сопствените очи.

Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба

Живаго клекнал на колена пред својата сакана и го добил посакуваното „Да“.

Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба Запросување на лажна свадба

Откако свештеникот им дал благослов, среќниот пар заедно со присутните гости се упатиле да прослават во локален ресторан.

На лажната свадба присуствувале 240 гости, а вистинската свадба на Лаура и Живаго е планирана за следната година.

Запросување на лажна свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.