Почетна » Новости » Занимливости » Сè за совршената Instagram фотографија: Блогерка беше касната од ајкула додека позираше на Бахамите

Сè за совршената Instagram фотографија: Блогерка беше касната од ајкула додека позираше на Бахамите

Што сè не би направиле луѓето за да ја добијат совршената фотографија која ќе го краси нивниот Instagram профил?

Блогерката Катарина Заруцки беше касната од ајкула додека позираше над група мали ајкули на Бахамите. Тоа се случило минатиот месец за време на одмор на 19-годишната девојка со момчето и неговото семејство.

Храбрата авантуристка дознала дека луѓе пливаат и се фотографираат со малите ајкули и веднаш побрзала да ја искористи оваа можност.

Катарина Заруцки

Таа „лебдела“ над водата кога една од ајкулите ја гризнала за раката и ја повлекла надолу во водата. Знаејќи дека овој тип на риби обично се безопасни за луѓето, Катарина успеала да остане присебна и по неколку секунди си ја извлекла раката од устата на ајкулата.

Катарина Заруцки Катарина Заруцки

Таа ја затворила раната со другата рака за крвта да не ги привлече останатите ајкули и излегла на копното.

Катарина Заруцки Катарина Заруцки

За среќа Катарина помина без сериозни повреди. „Среќна сум што сè уште ја имам раката“ – изјавила Катарина.

Катарина Заруцки Катарина Заруцки

Заруцки, која работи како модел од 14-годишна возраст, има речиси 60.000 обожаватели на Instagram.

Катарина вели дека ја научи својата лекција и дека луѓето треба да бидат повнимателни кога се во близина на вакви ајкули. Таа веројатно ќе има лузна која цел живот ќе ја потсетува на овој момент.

Катарина Заруцки Катарина Заруцки Катарина Заруцки Катарина Заруцки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.