Поранешната „прва ќерка на САД“ се заколна на вечна љубов. Барбара Буш, ќерката на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш, се омажи за актерот Крег Којн.


Невестата носеше минималистички бел фустан од Вера Ванг. „Процесот на дизајнирање на фустанот не беше долг, затоа што плановите за свадба се случија мошне набрзина“ - изјавила Вера Ванг за „Вог“.
Парот избрал да се венча на имотот каде живее дедото на невестата, поранешниот претседател на САД Џорџ Херберт Вокер Буш. Всушност, токму таму Крег ѝ предложил брак на Барбара пред неколку месеци, а тоа е истото место каде нејзиниот дедо Џорџ и нејзината покојна баба Барбара се вериле пред 75 години.
На свадбената церемонија, во првиот ред имало оставено празно столче, посветено токму на Барбара Буш, поранешната прва дама на САД која почина во април годинава.



Сестрата на невестата, Џена Буш, носеше цветен фустан додека нивната мајка, Лора Буш, беше облечена во сина креација од Оскар де ла Рента.




