Почетна » Новости » Животни стории » Почина Барбара Буш, поранешната прва дама на САД

Почина Барбара Буш, поранешната прва дама на САД

Барбара Буш почина на 92-годишна возраст. Сопругата на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш издиша за последен пат вчера во нивниот дом во Хјустон, Тексас.

Здравствената состојба на поранешната прва дама на САД веќе извесен период била влошена, наводно поради хронична опструктивна белодробна болест и конгестивна срцева слабост, но неодамна таа одбила какво било понатамошно лекување.

Буш БушБарбара и Џорџ Буш на нивната свадба во 1945 година

Барбара и Џорџ Буш беа во брак 73 години. Тие имаат пет деца, 14 внуци и седум правнуци. Парот имаше и ќерка Полин Робинсон (Робин), која почина на тригодишна возраст од леукемија.

„Една од причините поради кои ја донесов најважната одлука во мојот живот, да се омажам за Џорџ Буш, е затоа што тој ме смее. Вистина е, понекогаш се смеевме до солзи, но токму таа заедничка смеа беше она што не поврзуваше најмногу“ – изјавила Барбара во 1990 година.

Буш Буш Буш

Барбара беше и прва дама на САД и мајка на претседател на САД. Нивниот син Џорџ В. Буш беше избран за претседател во 2000 година и служеше два мандати како 43-ти претседател на САД.

Буш
Буш Буш Буш Буш Буш Буш Буш Буш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.