Почетна » Новости » Занимливости » „Сакаме да ја зачуваме традиционалната музика“: Ајдин ја пее „Многу мерак имам бабо“

„Сакаме да ја зачуваме традиционалната музика“: Ајдин ја пее „Многу мерак имам бабо“

Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ се на мисија да ја зачуваат традиционалната музика од заборав и да им ја доближат на младите.

12-годишното момче од Босна и Херцеговина со силни емоции ја отпеа македонската песна „Многу мерак имам бабо“ и повторно освои бројни комплименти.

„Нашата желба е традиционалната народна музика на сите народи и народности да ја оттргнеме од заборав и да ја претставиме пред светот на некој наш начин во некое ново руво.“

„Наша желба со Ајдин е тие преубави текстови и мелодии исткаени од чисти емоции да ги направиме достапни за младите луѓе, а на малку повозрасните да им вратиме сеќавања на некои убави моменти и сеќавања на минатото.“

„Оваа преубава традиционална песна ви ја поклонуваме на сите вас кои верувате дека музиката е универзален јазик кој ги спојува луѓето и не познава граници“ – напиша неговиот ментор на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11713 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.