Почетна » Новости » Занимливости » Русинка со помасивни мускули од машките бодибилдери руши рекорди

Русинка со помасивни мускули од машките бодибилдери руши рекорди

Руска бодибилдерка е интернет сензација со масивните мускули, кои ги фрлаат во сенка дури и врвните машки бодибилдери.

Наталија Кузнецова не само што е најтешката жена која се занимава професионално со бодибилдинг, туку и има поставено три светски рекорди. 28-годишната фитнес зависничка во моментов тежи 90 килограми и привлекува огромно внимание каде и да се појави.

Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова

Нејзиниот сопруг, Владислав Кузнецов, исто така е руски бодибилдер. Наталија вели дека не ѝ е важно што неговите бицепси се помали од нејзините, зашто смета дека заемната љубов и поддршка се клучни состојки за среќна врска.

Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова

Мускулестата Русинка започнала да вежба на 14-годишна возраст за да си ја зголеми самодовербата, бидејќи била многу ситна и тежела 40 килограми. „Бев како мало глувче додека растев“ – рекла таа.

„Исто како и сите останати, првпат отидов на фитнес без некаква посакувана цел, но по три месеци, мојот тренер ме праша дали сакам да учествувам во натпревар во бодибилдинг. До 15-годишна возраст, бев шампион во Забајкалски крај“ – објаснила Наталија за моментот кога решила да се занимава професионално со бодибилдинг.

Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова

Од 2018 наваму, Наталија работи како тренер по бодибилдинг.

Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова Наталија Кузнецова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.